Сега, кога стомакот навистина порасна, можете да се гордеете со вашиот труднички изглед. Повеќето трудници уживаат во првите магични моменти од овој изглед и со задоволство купуваат нова гардероба. Дали сте една од нив? Ајде да видиме што носи 22-та недела од бременоста.

Можеби се чувствувате како да седите на врвот на светот. А можеби и не. Ако сè уште ве води излив на енергија, сигурно сте задоволни. Ако имате чести Бакстон Хикс контракции, грчеви и болки во грбот, можеби нема да се чувствувате одлично. Не заборавајте да ја промените положбата на телото секогаш кога се чувствувате непријатно. Тоа може да биде многу корисно.
За тоа време, бебето од ден на ден се повеќе личи на вистинско новороденче, што е навистина фантастично!
Колку е големо бебето во 22. Недела од бременоста?
Дали некогаш сте држеле диња со средна големина во вашите раце? Ако е така, знајте дека вашето бебе сега е со таа големина. Во оваа недела достигнува должина од околу 19 см и тежина од околу 460 грама.
Кој е тоа месец од бременоста?
Веќе отидовте далеку на вашиот пат. Во 22-та недела од бременоста, сè уште сте во петтиот месец. Но, на самиот крај.
Како напредува бебето?
Сега, кога очите и устата на бебето се многу поразвиени, тоа почнува да изгледа како минијатурна верзија на новороденче. Во овој период, тоа почнува да спие во циклуси кои траат околу 12 до 14 часа. Кога ќе го почувствувате ударот, знајте дека е будно!
Се прашувате како изгледа? Верувале или не, бебето сега има веѓи и трепки, усни и нокти. Сега веќе вежба координација на движењата, се обидува да ја фати папочната врвца и ги движи рацете кон лицето. Сето тоа благодарение на сетилото за допир, кое сега во голема мера се развива.
Во 22-та недела од бременоста, бебето реагира и на светлина и звуци од надворешната средина. Така да можете да почнете да му пуштате музика!
Симптоми во 22. Недела од бременоста
Бебето (или бебињата, ако се работи за повеќеплодна бременост) расте и зафаќа се повеќе и повеќе простор. Повеќето од симптомите во 22-та недела од бременоста се поврзани со овој факт.
- Појава на стрии. Стриите се всушност лузни кои се формираат на кожата додека се шири и пука. Она за што нема да бидете среќни е фактот дека тие речиси никогаш нема целосно да исчезнат, дури и кога ќе ја вратите тежината од пред бременоста. За да го ублажите овој симптом, пијте доволно вода и разгалете ја кожата со соодветни производи за нега на кожата.
- Исчезнат папок. Дали вашиот папок е речиси целосно исчезнат, или дури и излезе? Уште еден од шармите на бременоста и истегнувањето на кожата. Не грижете се за ништо. Еден ден пак ќе биде истиот.
- Зголемена сексуална желба. И додека хормоните „дивеат“, некои жени може да почувствуваат зголемено либидо. Уживајте ако сте еден од нив!
- Отекување на рацете и/или стапалата. Насобраната вода во телото го предизвикува овој симптом и е доста чест во бременоста. Од друга страна, ненадејниот и силен оток треба да ве загрижува. Тоа може да биде знак за прееклампсија, опасна компликација во бременоста. Во тој случај ве советуваме веднаш да се јавите кај вашиот гинеколог.
- Болка во грбот. Сега носите тежина на која не е навикнат грбот. Покрај тоа, бебето врши дополнителен притисок на тој дел од вашето тело. Спиењето со перница меѓу нозете и/или пренаталната масажа може да биде корисно.
Дополнителни калории во 22. Недела бременост
Вашиот гинеколог веројатно ќе советува постепено и стабилно зголемување на телесната тежина. Тоа е приближно еден килограм неделно во овој период од бременоста, во зависност од типот на вашето тело.
За да се постигне ова, се препорачува дополнителна храна во вредност од 300 калории. Можеби ќе ви биде поудобно да јадете повеќе мали оброци, на пример 5 до 6, наместо три големи оброци со две закуски, што е стандардна препорака, во овој период од бременоста. На тој начин, веројатно ќе можете полесно да го балансирате внесот на сите важни хранливи материи. Покрај тоа, помалите и почести оброци можат да ја намалат шансата за киселини, проблеми со варење или ниска енергија.
Препорачуваме:
Pregnatol Multi + Active Folate
Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза.
Pregnatol Active Folate + Vit B12
Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и бремени жени. Се препорачува примена најмалку 4 недели пред планираната бременост и во првите три месеци од бременоста. Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолат и витамин Б12 во активни облици.
Pregnatol DHA
Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина).
Совети за мајки
Одеднаш се чувствувате помалку уморни и имате повеќе енергија? Погледнете како можете да ја канализирате вашата нова енергија.
Вежбајте да кажувате "НЕ!". Луѓето обично се фасцинирани од трудниците. Затоа често забораваат на манирите и без да прашаат го допираат стомакот на трудницата. Ако не го сакате тоа, слободно кажете им.
Искористете го напливот на енергија. Искористете го напливот на енергија во вториот триместар и насочете го во посакуваната насока. Планирајте патување или завршете го одамна започнатиот домашен проект.
Потсетник за 22. Недела од бременоста
- Купете облека за трудници;
- Јадете редовно;
- Грижете се за вашата кожа.
https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/22-weeks-pregnant
https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/2nd-trimester/week-22/#anchor-tabs
https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-22