Contact US

23. недела бременост

Симптомите од вториот триместар се целосно во сила. Станува збор за отечени зглобови, проширени вени, болен грб. Но, кога ќе почувствувате треперење во стомакот и знаете дека тоа се движењата на вашето живо бебе, сите симптоми се веднаш поподносливи. Дознајте што ве очекува во 23-та недела од бременоста. 

Деновиве забележувате како навистина ви „изникна“ стомакот. Веројатно досега сте навикнати на неговата големина. Но, тој продолжува да расте. И вашата тежина постојано се менува. Досега веројатно веќе сте се здебелиле од 5 до 7 килограми. Продолжете да се грижите за здрава исхрана. Најдобро е храната што ја јадете во текот на денот да биде поделена на што е можно повеќе мали оброци. 

Бебето се развива многу брзо. Деновиве особено е изразен развојот на мозокот и градењето мускулна маса. 

Колку е големо бебето во 23. Недела од бременоста? 

Вашето бебе сега е со големина на поголем грејпфрут. Тежи повеќе од половина килограм (околу 540 g), а големо е дури 20 cm. Тоа сега не само што порасна, туку и стана многу послатко. Само да можеш да го видиш. Полека почнува да добива изглед на новороденче. Вистинска минијатурна кукла! 

Кој е тоа месец од бременоста? 

Сега сте бремена во шестиот месец. Поточно, во првата недела од овој месец. Шестиот месец од бременоста трае од 23 до 27 недела. 

Како напредува бебето? 

Лицето на бебето е целосно формирано. Сега почнуваат да се формираат масни наслаги под кожата. Ако неодамна сте направиле стручен ултразвучен преглед, сигурно сте ја виделе таа сладост. Што мислите, како изгледа бебето? 

Звуците кои го забавуваат бебето се чукањето на срцето и гласот. Во овие моменти тоа може да слушне дури и погласни звуци од околината, на пример звук на сирена или лаење на куче. Бебето сега вежба да дише и почнува да реагира на настани во вашето тело. Можеби сте забележале дека станува поживо откако ќе испиете нешто топло или ладно или после оброк. Исто така, вашето бебе може да биде мирно и поспано додека сте активни и се движите, а ја започнува својата гимнастичка рутина веднаш штом ќе заспиете. Магијата на родителството веќе започнува! 

Симптоми во 23. Недела од бременоста 

Иако можеби се надевавте дека непријатните симптоми останале во првиот триместар, сега мора да се соочите со нови непријатности. 

  • Отечени глуждови и стопала. Умерениот оток е нормален за 23-та недела од бременоста. Ублажете го со пиење доволно течности, редовни прошетки и одмор со кренати стапала. Задолжително контактирајте со вашиот гинеколог ако отокот наеднаш се влоши. 
  • Контракции на Брекстон Хикс. Сосема е чудно чувството кога чувствувате и гледате дека вашиот стомак е целосно цврст и стегнат. Мускулите почнуваат да вежбаат за важен настан. Погодувате - породување! Затоа, се додека овие контракции се случуваат за кратко време, нема што да се грижите. Пијте доволно вода и променете ја положбата на телото доколку чувствувате непријатност. 
  • Болка во грбот. Бебето расте, па неговата големина почнува да ги оптоварува 'рбетот и мускулите на грбот. Грбот е особено оптоварен кај жените кои носат близнаци или повеќеплодна бременост. 
  • Крварење на непцата.  Веројатно не очекувавте дека бременоста на кој било начин ќе влијае на вашата уста. Сепак, тоа се случува. Зголемениот проток на крв може да предизвика отекување и крварење на непцата. Ако и вие го имате овој симптом, сменете ја четката за заби. Изберете нова со меки влакна. 

Движење на бебето во 23 недела од бременоста 

Дали трудницата ги чувствува движењата на бебето во 23-та недела од бременоста? Одговорот на ова прашање зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја и положбата на плацентата и дали ова е вашата прва бременост. Можно е уште да не сте ги почувствувале движењата на бебето. Многу идни мајки кои се бремени за прв пат не ги чувствуваат движењата на бебето дури кон крајот на вториот триместар. 

За да му обезбедите на бебето сила и потребна енергија, погрижете се редовно да јадете здрави оброци. Препорачуваме дополнување на потребните хранливи материи преку одбрани, висококвалитетни додатоци во исхраната: 
 
Pregnatol Multi + Active Folate

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза. 

Pregnatol Active Folate + Vit B12 

Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и бремени жени. Се препорачува примена најмалку 4 недели пред планираната бременост и во првите три месеци од бременоста. Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолат и витамин Б12 во природни облици.  

Pregnatol DHA 

Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина). 

Совети за мајки 

Еве неколку совети за 23-та недела од бременоста. 

Излезете надвор. Витаминот Д е многу важен за време на бременоста. Доволно е секој ден да потрошите 5 до 30 минути и ќе си обезбедите доволно количество од овој витамин. Имајте го предвид времето од денот кога сте изложени на сонце, како и сезоната. Ако е лето, не се изложувајте на сонце во периодот од 11 до 17 часот. Тогаш зрачењето е превисоко. 

Извадете ги прстените. Ако рацете и прстите ви отекуваат премногу, време е да го извадите накитот за да избегнете непријатни исеченици. 

Потсетник за 23. Недела од бременоста 

  • Размислете околу името на вашето бебе; 
  • Започнете да барате мебел за бебешката соба; 
  • Земајте витамини

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/23-weeks-pregnant

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/2nd-trimester/week-23/#anchor-tabs

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-23

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.