Contact US

27. недела бременост

Конечно - последната недела од вториот триместар! Време е да започнат сериозни подготовки за големото финале. Но, не грижете се, имате уште многу време. Вие сте во 27-та недела од бременоста. 

Дали веќе почнавте да разговарате со вашето бебе и да пуштате музика? Совршено. Бебето сега може да слуша сè што ќе кажете, како и други звуци од вашата околина. Иако тоа не разбира ништо за вас, сè што му доаѓа преку сетилата влијае на неговиот развој. 

Не толку гламурозните симптоми на бременоста се уште се во полн ек. Згора на тоа, тие се сè позабележителни и поизразени. Покрај тоа, бебето станува се поголемо, па освен хемороиди, надуеност и отоци, може да имате и проблеми со задржување на урината. Сега е време да започнете со Кегеловите вежби! 

Колку е големо бебето во 27. Недела од бременоста? 

Вашето малечко бебе веќе не е толку малечко. Можеме да го споредиме со голема главица зелена салата. Тоа сега е долго речиси 37 см и тежи околу 870 грама. И не само што тоа станува се поголемо и поголемо, туку и позрело и попаметно, од ден на ден. 

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Можеби изгледа како вечност откако сте бремени. Некои други трудници можеби не се согласуваат со вас. Сепак, искуството е главно субјективно и индивидуално. Во 27-та недела од бременоста, сè уште сте бремена во шестиот месец, но во последната недела. Тоа значи дека сте на самиот крај на вториот триместар. Секоја чест! Следната недела влегувате во третиот триместар. 

Погледнете кои недели и месеци се во вториот триместар: 

Четврти месец бременост: трае од 14. до 17. недела

Петти месец бременост: трае од 18. до 22. недела

Шестти месец бременост: трае од 23. до 27. недела

Како напредува бебето? 

Бебето сега вежба дишење, вдишување и издишување на плодовата вода. За тоа време, неговите бели дробови се развиваат брзо.  

Освен белите дробови и бебешкиот мозок станува се по комплексен. Несомнено, со секој ден бебето станува се по паметно.  

Не заборавајте на задолжителното внесување на DHA омега-3 масни киселини. Како главна структурна компонента на мозокот, DHA сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот.  

Pregnatol DHA се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со висока чистота, добиено во строго контролирани услови на производство. 

Со движењата што ги чувствувате кои бебето ги прави, можете да заклучите дека многу зајакнало. Во овој период се гради мускулна маса, но се полнат и масните наслаги. 

Исто така, тоа сè уште практикува цицање, што обично го прави со цицање на палецот. Неодоливо, мора да признаете! 

Симптоми во 27. Недела од бременоста 

Нема лесно да се ослободите од симптомите кои ги имате во 27-та недела од бременоста. Сите тие ќе ве следат, повеќе или помалку, до самиот крај на бременоста. 

  • Грчеви. За да ја намалите можноста за појава на грчеви во нозете, преземете превентивни мерки. Истегнете ги нозете, одете, пијте вода. 
  • Болка во грбот. Размислете за користење огромна перница за спиење. Може да го намали притисокот врз колковите и да биде корисна кога барате удобна положба за спиење. 
  • Констипација. Доколку сте склони кон запек, овој симптом веројатно нема да ве одмине во текот на бременоста. Исто така, ве советуваме да вложите многу напор во превенцијата. Препорачуваме редовни прошетки, многу течности и храна богата со растителни влакна. 
  • Хемороиди. Најлесен начин да го решите овој исклучително непријатен симптом е ако успеете да го регулирате варењето и запекот. 
  • Промени на кожата, ноктите и косата. Конечно фантастичен симптом! Не само што е погуста и посјајна, вашата коса расте со неверојатна брзина. Вашата кожа е сјајна, а вашите нокти никогаш не биле посилни!  

Совети за мајките 

Подготвени за уште една одлична недела од бременоста? Прочитајте кои чекори треба да ги преземете. 

Останете хидрирани. Пијте вода во текот на денот. Но, кога ќе се приближи времето за спиење, забавете. Сигурно не сакате да трчате (или да шетате) во бањата на секои 2 минути. 

Барајте поддршка. Поддршката ви е најважна сега. За што и да зборуваме. Без разлика дали се работи за удобен породилен градник кој совршено стои или перница за спиење. Не заборавајте за други видови поддршка. Како што се приближува раѓањето, ќе станете поемотивни. Погрижете се да имате со кого да разговарате, било да е тоа партнерот, пријателката или терапевт. 

Pregnatol Multi + Active Folate 

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза. 

Спијте додека можете. Дали вашето бебе секогаш изгледа како најживото токму кога ќе одлучите да дремнете? Или ви се оди во тоалет веднаш штом ќе ја ставите главата на перницата? И така минува времето за одмор. Дури и ако имате потешкотии со спиењето, знајте дека ќе ги има повеќе по породувањето. Затоа, искористете го секој добар момент.  

Потсетник за 27. Недела од бременоста 

  • Погрижете се да ги земате сите потребни витамини и минерали
  • Со партнерот одлучете дали ќе биде присутен на породувањето. 
  • Водете дневник за бременост. 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/27-weeks-pregnant

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/2nd-trimester/week-27/#anchor-tabs

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-27

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.