Contact US

Болка во грло кај деца

Болката во грлото кај децата е една од најчестите манифестации на вирусна инфекција на горните дишни органи. 

Малите деца често не знаат што ги мачи, но одбивањето храна, како и правењето карактеристична гримаса која покажува дека детето трпи непријатност при голтање, може да ги наведе родителите да мислат дека детето има болно грло. 

Болката во грлото кај децата најчесто се јавува поради вирусна инфекција. Податоците од практиката покажуваат дека околу 85% од сите вирусни заболувања кај децата се фарингитис и ринофарингитис, т.е. воспаление во грлото. 

Зошто се јавува болка во грло кај децата? 

Болката во грлото се јавува кај децата најчесто како резултат на инфекција - многу почесто вирусна отколку бактериска. 

Важно е да се утврди дали е тоа бактериска инфекција, бидејќи бара различен третман од вирусната, обично со употреба на антибиотици. При прегледот, лекарот најпрвин ќе утврди дали постои сомнеж дека се работи за бактериска инфекција, а потоа по потреба најверојатно ќе ја провери со земање и анализа на брис од грло. 

Ако се работи за вообичаена сезонска вирусна инфекција која предизвикува болки во грлото, веројатно нема да биде потребен брис.  

Употреба на антибиотици за болки во грлото 

Врз основа на доказите од студиите презентирани од Cochrane*, треба да се почека со примена на антибиотици 2 до 3 дена.

Студиите ги испитувале резултатите постигнати во третманот на три групи пациенти - во случаи кога антибиотикот бил веднаш препишан, кога неговата примена била одложена и кога воопшто не бил препишан за респираторна инфекција на горниот респираторен тракт. 

Резултатите од студијата покажаа дека нема разлика во стапката на компликации кај сите три групи. 

Дури иако е пропратена со покачена температура, болката во грло не е знак дека детето треба да се лекува со антибиотици. Всушност, болката во грлото кај децата е една од водечките причини за непотребната употреба на антибиотици.  

Има низа штетни последици по здравјето на детето, доколку антибиотикот се користи непотребно: 

  • Алергиски реакции - Секое трето дете на возраст од 3 до 5 години има симптоми на едно од алергиските болести - алергии на храна, егзема (атопичен дерматитис), астма или алергиски ринитис. 
  • Дисбиоза - по примена на антибиотици во текот на 7 дена, понекогаш се потребни и до 2 години за да се врати цревната флора во задоволителен број и рамнотежа. Во поекстремни случаи, може да се појави дисбиоза, односно лоша рамнотежа на бактерии во цревниот тракт, што последователно го нарушува имунолошкиот систем. 
  • Неутрофилна дисфункција – Неутрофилите се бели крвни зрнца, првата линија на одбрана на телото од инфекции. Долготрајната погрешна употреба на антибиотици, освен што ги убива бактериите, ги оштетува и уништува и неутрофилите. Имунолошкиот систем слабее и неговата функција се намалува. 

Болка во грло кај грип и настинка 

Со употреба на антибиотици и следење на развојот на болеста кај детето, според препораките и резултатите од истражувањето, треба да почекате 2 до 3 дена. 

Постојат многу решенија кои се препорачуваат за употреба при појава на болки во грло кај деца.  

Болка во грло кај деца  

Терапијата за болки во грлото предизвикани од вирус се спроведува со цел да се ублажат симптомите и да се спречат компликации. Третманот зависи од епидемиолошките фактори, знаците и симптомите на болеста, како и од резултатите од лабораториските и микробиолошките испитувања. 

Се препорачуваат мерки кои вклучуваат одмор, рехидратација, гаргара и олеснување на болката. 

Болка во грло кај деца и останати симптоми 

Другите симптоми на вирусна инфекција се речиси секогаш поврзани со болки во грлото кога детето ќе се разболи. Може да се појави и треска, кашлица, течење на носот и стомачни тегоби. 

И овие симптоми, исто како болки во грлото, исчезнуваат во рок од неколку дена додека имунолошкиот систем на детето се бори против инфекцијата.

 

* база на релевантни медицински студии и истражувања 

https://www.cochrane.org/CD004417/ARI_delayed-antibiotic-prescriptions-respiratory-tract-infections

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.