Неонатолозите и педијатрите во регионот, врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), препорачуваат 100 mg DHA омега-3 масни киселини дневно, од раѓање до возраст од 2 години.
Сигурно сте слушнале дека DHA омега-3 масните киселини се многу важни. Но, дали знаевте дека DHA е клучен, особено во првите неколку години?
Новороденчиња и доенчиња кај кои не може да се постигне соодветен внес на DHA преку мајчиното млеко и се исклучиво на природна исхрана или претежно се на природна исхрана (мешана исхрана со над 50% од мајчиното млеко во вкупниот дневен внес на млеко) - се препорачува дневен додаток од 100 mg DHA.
DHA - придонесува за нормален развој на видот
Окото е сложен орган чиј развој е под влијание на многу фактори. Овие фактори можат да потекнуваат од надворешното опкружување, но можат да бидат и внатрешни, односно се однесуваат на снабдувањето со хранливи материи во организмот на бебето.
DHA Омега-3 масните киселини се многу важни хранливи материи кога станува збор за нормален развој на видот.
Ретината на окото е составена од нервни ткива. Тоа е најдлабокиот слој во човечкото око, кој е фотосензитивен. Ретината реагира на зраците на светлината кои влегуваат во окото и нејзината улога во системот на видот е исклучително важна. Сите упадни светлосни зраци кои се собираат во мрежницата се трансформираат и се пренесуваат преку оптичкиот нерв до мозокот, кој го претвора импулсот во слика.
Овој уникатен слој на окото се состои од десет слоеви. Еден од нив се состои од фоторецептори. Токму DHA, омега-3 масните киселини се една од главните градливи материи на фоторецепторите (35-50%).
DHA придонесува за нормален развој на видот кај доенчиња до 12 месеци. Поволен ефект се постигнува со земање 100 mg DHA дневно.