Contact US

Домашна аптека - што треба да содржи?

Кога велиме „домашна аптека“ често помислуваме на комплет за прва помош, кој е неопходен во секој дом. Но, освен „прва помош“, некои лекови и помошни средства кои се во апотека можат да се купат без рецепт,се исто така неопходни во  домаќинството, за секој случај. 

Домашната аптека содржи сè што на некој во домаќинството можеби ќе му треба изненада, како и лекови кои се во редовна употреба. Она се формира индивидуално, во однос на специфичноста на членовите на  семејството. Сепак, неколку основни лекови и помошни средства би требало да ги содржи секоја. 

Подготвивме основен преглед врз основа на кој можете да формирате своја или да проверите дали вашата домашна аптека е комплетна. 

Настинка и грип 

Без разлика што сезоната на вирусни инфекции е во постудените месеци, домашната аптека секогаш треба да содржи препарати и лекови кои се потребни доколку дојде до настинка и грип. 

Ваквите препарати се најефективни доколку се применат веднаш по појавата на симптомите, па затоа е важно секогаш да ги имате во вашиот дом. 

VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. 

VIRANTO Adults for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. 

Намалување на температурата 

Домашната аптека задолжително треба да има термометар, особено ако имате мали деца. Иако, во случај на вирусни инфекции, температурата не треба да се намалува додека не се искачи над 38,5 °C, антипиретик (paracetamol, ibuprofen) неизоставно треба да има во домашната аптека. 

Имунитет и цревна микрофлора 

Препарати кои содржат култури на корисни бактерии истотака се препорачуваат за домашната апотека. Освен корисни микроорганизми Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis  Probival choco +  C + Zn содржи и инулин,цинк и витамин Ц. 

Цинкот игра улога во клеточната делба, одржување на нормални коски, нормална когнитивна функција, нормален киселинско-базен метаболизам. Исто така, ги штити клетките од оксидативен стрес, а има улога во нормалната синтеза на ДНК, синтезата на протеините, метаболизмот на макронутриенти, јаглени хидрати, масни киселини и витамин А. Поради сето ова, цинкот придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. 

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, го намалува заморот и исцрпеноста и го одржува нормалниот енергетски метаболизам. Овој витамин придонесува и за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција, нормално формирање на колаген неопходен за нормална функција на забите, непцата, 'рскавицата, коските, кожата и крвните садови. Важен е неговиот  придонес за заштита на клетките од оксидативен стрес. 

Дознајте повеќе – Probival choco +  C + Zn for you!

Лек за алергија 

Дури и ако немате алергии, секогаш треба да имате антихистамин дома. Денес, кога ширум светот се зголемуваат алергиските реакции на различни супстанци, треба да ја опремите вашата аптека со овој лек за секој случај, во случај на непредвидена алергиска реакција. 

Кремите кои содржат антихистаминици, кои се нанесуваат локално на кожата, се исто така корисни доколку се појави алергиска реакција, на пр. поради каснување од инсекти. 

Домашна аптека за прва помош 

Во случај на исеченици или други повреди, неопходно е да се обезбеди прва помош. Спакувајте во домашната аптека стерилна газа и завои, средство за дезинфекција, на пр. повидон јод, влошки од газа, антисептички влажни марамчиња. 

Домашна аптека – корисни совети 

Чувајте ги лековите кои се веќе отворени во согласност со приложените упатства. На пример. повеќето сирупи или креми може да се користат одреден број денови по првото отворање, а понекогаш мора да се чуваат на пониска температура, во фрижидер. 

Одвреме-навреме проверувајте дали домашната аптека е комплетна, односно дали се во неа има точен рок на траење. Ако лекот или препаратот е истечен, го заменувате со нов. 

Чувајте ги лековите на ладно и темно место, заштитено од светлина и влага, подалеку од дофат на деца и домашни миленици. 

Следете ги упатствата што доаѓаат со препаратот, медицинското средство или лекот.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.