Иако родителите честопати се плашат и прават се за да не им биде досадно на нивните деца, научните откритија докажаа дека досадата е всушност пожелна. Да го научите вашето дете да одлучува што да прави кога му е здодевно, можеби е најдоброто нешто што можете да му го дадете додека расте.
Досадата, како и слободното време, води до креативност, а креативноста води до откритија, понекогаш мали, а понекогаш и големи.
Досадата ја поттикнува креативноста
Како што покажаа студиите, луѓето се многу покреативни кога им е досадно. Истото важи и за децата. Наједноставното објаснување за оваа изјава е дека вака функционира човечкиот ум. Кога на детето му е здодевно, неговите мисли почнуваат да талкаат, почнува да сонува, што дополнително води кон креативност.
Кога детето нема со што да се забавува, има можност да ја вежба својата имагинација. Тоа е вредна вештина да се развива во моменти на досада.
Имајќи ги предвид промените во професионалното и деловното опкружување и претпоставката дека голем број од денешните деца ќе се занимаваат со професии кои се уште не постојат, факт е дека тие мора да ги совладаат вештините кои најмногу ќе им користат. Креативноста и имагинацијата, покрај тоа, ќе им помогнат полесно да се прилагодат на условите кои постојано се менуваат.
Досадата е добра за размислување и анализа
Кога на луѓето, односно на децата им е досадно, нивниот мозок најчесто се „врти“ кон минатото и спомените. Тоа е можност за преглед и размислување за некои дејства и настани, што им помага на децата да избегнат повторување на некои претходно направени погрешни потези.
Секако, детето тоа го прави според возраста и степенот на развој на мозокот, но тој воз на размислување сепак се случува.
Досадата е исто така многу значаен елемент важен за наоѓање личен идентитет. Кога на децата им е здодевно, тие имаат можност да ги проценат своите искуства како и да развијат сопствен личен поглед на светот, што ги прави ментално посилни за подоцнежните животни предизвици.
Досадата мотивира
Повеќето родители се свесни дека нема да можат постојано да ја организираат секоја минута од слободното време на нивните деца. Затоа е добро што е можно порано да почнат да се забавуваат сами.
Откако ќе разберат дека можат сами да се забавуваат, децата секој пат ќе бидат помотивирани и понезависни. Оставајќи им да им биде досадно, родителите им прават услуга со тоа што им дозволуваат да научат важна животна вештина.
Досадата им овозможува на децата да вежбаат одлучување и да најдат начини да се интересираат за светот околу нив.
Со тоа што им дозволуваат на децата да се досадуваат, родителите всушност ги „надградуваат“ и ги воспитуваат. Децата кои имаат можност да им биде здодевно како деца прераснуваат во возрасни кои се мотивирани, подготвени да преземат иницијатива, сигурни во себе и се интересно друштво за другите луѓе.
https://www.tandfonline.com/doi/abs/10.1080/10400419.2014.901073
https://www.apa.org/monitor/2013/07-08/dull-moment
https://www.hup.harvard.edu/catalog.php?isbn=9780674634633