Со цел трудниците и доилките да консумираат доволно количество DHA, се препорачува да ја збогатат исхраната со риба и морски плодови. Најдобри извори се харингата, скушата, лососот, сардините, туната, сарделата, лигњите, бавчето... Притоа, треба да внимаваат да не јадат риба која би можела да содржи голема количина жива.
Според препораките на FDA (Food and Drug Administration - Управата за храна и лекови), бремените жени и доилките треба да консумираат најмалку 250 до 340 грама неделно риба и разни морски плодови (со ниска содржина на жива), што е околу 2 до 3 порции неделно. На овој начин, тие можат да ја земат препорачаната доза од 200 mg DHA.
Сепак, како што покажуваат истражувањата, околу 50% од трудниците и доилките не ја консумираат препорачаната количина риба. Причините се различни: страв од загадување (жива, тешки метали), навики во исхраната, здравствени состојби (алергии и сл.), посебни диети...
Според достапните податоци, во Србија по глава на жител се консумираат 5,4 кг, Црна Гора 9,7 кг, Македонија 5,7 кг и Босна и Херцеговина 6,0 кг. Ако знаеме дека препорачаниот неделен внес е околу 400-500 грама риба, или 24 кг годишно, тоа значи дека во нашиот регион јадеме и до 5 пати помалку риба од препорачаниот внес.
Иако рибата е одличен извор на омега-3 масни киселини, најбогат и најчист извор на DHA се микроалгите. Како природен извор со висока концентрација, тие содржат до триесет пати поголема концентрација на DHA во споредба со рибиното масло!