Contact US

Плодни денови - пресметување

Периодот на плодни денови е периодот кога жената е плодна, односно кога има изгледи таа да остане бремена. Дознајте како се пресметуваат и колку дена месечно трае тој период. Дознајте како да го совладате пресметувањето на плодните денови што е можно попрецизно. 

Доколку се обидувате да забремените, најдобро е да ги интензивирате сексуалните односи без заштита во периодот на плодните денови. Плодните денови во еден циклус траат околу шест дена, а ова е периодот на средината на циклусот.

Плодни денови 

Во средината на циклусот, поточно околу 14-тиот ден од циклусот се ослободуваат јајце клетките. Тоа е периодот на циклусот кој е точно помеѓу две менструации. Приближно четиринаесет дена по претходниот и четиринаесет дена пред следниот (ако циклусот трае 28 дена). Ова е период на овулација. 

Плодните денови започнуваат 3 до 4 дена пред овулацијата и траат 1 до 2 дена по овулацијата, што е животниот век на ослободената јајце клетка. Најголеми шанси да останете бремени се ако имате сексуален однос на денот пред денот на овулацијата. 

Како да препознаете симптоми на овулација?

Препознавањето на симптомите на овулација може да ви помогне полесно да одредите кога се вашите плодни денови. 

Зголеменото ниво на хормонот естроген влијае на цела низа промени кои можат да предизвикаат манифестирање на следните симптоми: 

  • Зголемено либидо; 
  • Блага, но прободувачка болка во стомакот; 
  • Зголемена цервикална секреција, проѕирна и густа, слична на белката од јајце; 
  • Поинтензивен вагинален мирис; 
  • Промена на текстурата и положбата на грлото на матката; 
  • Наплив на енергија и добро расположение; 
  • Зголемување на базалната температура (BTT). 

Пресметување на плодни денови 

Откако ќе го совладате пресметувањето на плодните денови, во иднина ќе ви биде лесно да знаете кога имате овулација и кога е најдобро време за секс, доколку се обидувате да забремените. 

Најлесно ќе можете да ги следите вашите плодни денови ако водите календар секој месец или циклус, во кој внимателно ќе ги запишете сите промени поврзани со симптомите споменати во претходниот пасус. 

Водење календар 

Плодните денови може лесно да се набљудуваат со помош на календарот за плодни денови, но само ако вашиот циклус е редовен. 

Имено, во календарот го внесувате првиот ден од менструацијата. Тоа е и првиот ден од циклусот. Четиринаесет дена после тоа е периодот на овулација. Плодните денови се 3 до 4 дена пред тој 14-ти ден и еден до два дена после него. Многу едноставно. 

Меѓутоа, ако вашиот циклус не е редовен, ќе мора да се потпрете на други методи, пред сè на препознавање на симптомите што ги придружуваат плодните денови.. 

Плодни денови и БТТ 

За да се одреди базалната температура што е можно попрецизно, важно е мерењето да се направи наутро, веднаш по будењето. Ова е неопходно бидејќи БТТ е всушност најниската телесна температура во текот на денот. Затоа е важно да го измерите веднаш по будењето. 

Како се менува БТТ по овулацијата? Голем скок на хормонот прогестерон доведува до благ скок на телесната температура. Тоа е зголемување од 0,3 до 1°C. Ако ја мерите температурата секое утро, почнувајќи од првиот ден од циклусот, нема да ви биде тешко да го забележите овој скок. Се разбира, под услов да сте здрави и дека покачената температура не е симптом на инфекција, како настинка или грип. 

Плодни денови ии цервикален секрет 

Откако ќе ја измерите температурата, време е да одите во тоалет и да ги проверите секретите. Така, како што веќе напишавме, во плодните денови секретот добива посебна текстура и боја. Сето ова е резултат на хормоналните промени и сигналите дека дошле плодни денови. Благодарение на неговата лигава текстура и густина за време на плодните денови, секретот им помага на сперматозоидите да стигнат до јајце клетката. По овулацијата се менува изгледот на секретот, а количината се намалува. 

Болки во стомакот за време на плодни денови 

За време на овулацијата може да се јави многу блага стомачна болка. Иако не сите жени ќе го чувствуваат тоа секој циклус, тоа може да биде уште еден знак за плодни денови. Оваа болка можеби ве потсетува и на менструални болки, но знаејќи дека не е време да го започнете циклусот, лесно ќе разберете за што се работи. 

Други симптоми во плодните денови од циклусот 

За време на плодните денови, под влијание на хормоните, жената најчесто чувствува наплив на енергија и добро расположение, како и зголемена желба за секс. 

Овој последен симптом е особено добар знак дека има плодни денови во циклусот. 

Други методи за следење на овулацијата и плодните денови  

Тестовите за овулација може да се купат во аптека, а тие работат со тестирање на плунка или урина. 

Тестот за урина го одредува присуството на LH (лутеинизирачки хормон) во урината. Нивото на овој хормон се зголемува неколку пати на ден или два пред овулацијата. 

Тестот кој ја тестира плунката го одредува зголемувањето на сол во неа. Имено, со зголемување на нивото на хормонот естроген се зголемува присуството на сол во плунката. 

Фоликулометријата е ултразвучно следење на овулацијата. Еден фоликул (или во случај на повеќеплодна бременост, два или повеќе) од секој фоликул достигнува целосна зрелост и ја подготвува јајце клетката за оплодување. Овој процес може да се следи со ултразвук и на тој начин да се одреди точниот период на овулација. 

 Додека се обидувате да забремените 

Ако се подготвувате за бременост, не заборавајте да се храните здраво и да ги внесете сите потребни хранливи материи за вашето здравје и здравјето на бебето што се обидувате да го зачнете. 

Некои витамини се особено важни на самиот почеток на бременоста, односно во периодот на најраниот развој на плодот. Затоа, дополнителен внес на фолати (витамин Б9) се препорачува во периодот кој вклучува најмалку еден месец пред зачнувањето, како и во текот на три месеци после зачнување. 

Ниските нивоа на фолати се фактор на ризик за развој на дефекти на невралната туба кај ембрионите.  

Дознајте повеќе за важноста на фолатите - Pregnatol Active Folate + Vit B12

Дознајте повеќе за важноста на DHA омега-3 масните киселини во бременоста - Pregnatol DHA

 

https://www.verywellfamily.com/how-long-does-ovulation-last-1960235

https://www.whattoexpect.com/getting-pregnant/fertility/five-ways-to-tell-you-are-ovulating.aspx

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.