Contact US

Рани симптоми на бременост

Утринска мачнина, недостаток на менструација, замор, чувствителност на мириси - сето тоа се рани симптоми на бременост. Дознајте кога се појавуваат симптоми на бременост и што да очекувате.

Домашен тест за бременост и ултразвучно скенирање се најчестите методи за потврдување на бременоста. Сепак, некои симптоми на бременост се појавуваат порано и може да бидат прилично сигурни знаци дека сте бремени. 

Кога почнуваат симптомите на бременост?

Иако можеби звучи чудно, почетокот на бременоста се брои од првиот ден од последниот менструален циклус што сте го имале. Значи, вашата последна менструација всушност се брои како прва недела од бременоста, иако во тоа време не сте ни биле бремени. 

Поради ова, најверојатно нема да почувствувате никакви симптоми во текот на првите неколку недели од бременоста. 

Сепак, многу е важно доколку планирате бременост или мислите дека веќе сте во друга состојба, навреме да почнете да спроведувате здрави животни стилови. Од самиот почеток важно е да се храните правилно и да ги внесувате сите неопходни нутритиенти.  Некои нутритиенти, како фолатите се особено важни, па затоа се препорачува дополнително внесување дури и пред зачнувањето, најмалку еден месец. 

Фолатите се многу важни за здрав раст и развој на плодот, но и за здравјето на трудницата. Затоа, се препорачува зголемен внес најмалку еден месец пред, како и во текот на трите месеци по зачнувањето. При изборот на фолати, најдобро е да се избере онаа што е во активна форма, бидејќи нејзината искористеност е најдобра.  

Препорачуваме активен фолат со активни форми на витамин Б12 - Pregnatole Active Folate +Vit B12

Рани симптоми на бременост 

Во периодот помеѓу првата и четвртата недела од бременоста се што се случува се случува на клеточно ниво. Оплодената јајце клетка формира бластоциста, од која се развиваат органите и деловите од телото на бебето. 

Во периодот кога бластоцистата се вградува во ендометриумот, може да има имплантационо крварење, за кое трудниците понекогаш мислат дека е менструација. Сепак, имплантациското крварење се разликува од менструацијата, а знаците се: 

  • Боја: розова, црвена или кафена; 
  • Крварење: обично благо, т.н. точкесто крварење 
  • Болки: грчеви кои наликуваат на менструални грчеви; 
  • Времетраење: не подолго од три дена. 

Изостанување на менструација 

Кога ќе заврши имплантацијата, телото на трудницата почнува да лачи хормон бета HCG (human horion gonadotropin). Тоа е хормон кој му помага на телото да ја одржи бременоста. Исто така, им сигнализира на јајниците да престанат да ослободуваат зрели јајце клетки секој месец. 

Четири недели по зачнувањето, менструацијата ќе изостане. Ако имате неправилен циклус, може да го пропуштите овој симптом на бременост. 

Домашните тестови за бременост покажуваат резултати со регистрирање на овој хормон во урината.  

Покачена температура 

Симптомите на бременост во раниот период од зачнувањето многу лесно може да се игнорираат или различно да се толкуваат. 

Зголемената базална температура исто така може да биде симптом на бременост. Температурата на телото може да биде и повисока поради некоја вирусна инфекција, после вежбање или поради топлото време.  

Замор во рана бременост 

Иако може да се појави во секое време од бременоста, заморот е многу карактеристичен во раната бременост. Други симптоми на бременост може да ви помогнат да одредите дали заморот што го чувствувате е знак дека сте бремени. 

Поради зголемување на нивото на хормонот прогестерон во крвта, може да се чувствувате поспани и многу уморни. 

Совети: 

  • Раната бременост може да биде исцрпувачка. Погрижете се да спиете доволно. 
  • Чувајте ја просторијата во која спиете ладна и проветрена, што може да обезбеди подобар ноќен сон. 

Забрзана работа на срцето 

Некаде помеѓу осмата и десеттата недела, можете да почувствувате како вашето срце чука побрзо и посилно. Тоа е сосема нормално, поради лачењето на хормоните. 

Доколку инаку имате здравствени проблеми поврзани со срцевата работа, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. 

Промена на градите 

Болните и отечени гради се знак за хормонални промени. Оваа болка, како еден од симптомите на бременоста, обично е поинтензивна од онаа што се јавува пред почетокот на циклусот. Како што вашето тело се прилагодува на хормоните и бременоста, чувствителноста ќе се намали. Околу 11-та недела, хормоните ќе предизвикаат раст на градите и проширување и потемнување на ареолата околу брадавиците.. 

Промени во расположението 

Промените во нивото на хормоните естроген и прогестерон влијаат на емоционалните реакции и промените на расположението. Поради ова лесно може да се појави депресија, иритација, анксиозност или еуфорија.  

Надуеност и констипација 

Многу симптоми на бременост може да ве потсетат на ПМС (предменструален синдром). Исто е и со надуеноста во пределот на стомакот. Хормоните можат да ја забават и работата на дигестивниот тракт, поради што се јавува запек. 

Гадење и повраќање 

Гадење и повраќање најчесто се јавуваат наутро, во периодот од четвртата до шестата недела. При влегување во вториот триместар од бременоста, гадењето и повраќањето полека се намалуваат. 

Важно е да ги внесувате сите важни хранливи материи, витамини и минерали, особено ако не се храните правилно поради гадење.  

DHA омега-3 масните киселини се многу важни за правилен развој на мозокот и видот на бебето. Оваа омега-3 масна киселина е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата на окото.  

Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA и се користи за дополнување на DHA омега-3 масни киселини кај бремени жени и доилки. 

Често мокрење 

Количината на крв што тече низ бубрезите е многу поголема од вообичаеното. Поради ова, мочниот меур се полни побрзо и почесто уринирате. 

Бидејќи нивото на крв во бубрезите се зголемува како што напредува бременоста, мокрењето ќе стане почесто. За ова дополнително ќе придонесе и растот на матката, кој притиска на мочниот меур. 

Чувствителмност на мириси и одбивност од некоја храна 

Чувствителноста на мириси е еден од најраните симптоми на бременоста. Овој симптом, иако недоволно истражен, е многу значаен бидејќи може да влијае на појавата на гадење, повраќање и аверзија кон одредена храна. 

Добивање тежина 

Кога станува збор за симптоми на бременост, зголемувањето на телесната тежина е неизбежно. Како симптом на бременост, се појавува само на крајот од првиот триместар од бременоста. Сосема е вообичаено да се качувате од 500 грама до 2 кг месечно во првите месеци од бременоста.

Киселини  

Хормоните кои телото ги лачи за време на бременоста имаат ефект врз речиси сите органи. Ова може да предизвика опуштање на мускулите помеѓу желудникот и хранопроводникот, предизвикувајќи истекување на стомачната киселина, предизвикувајќи киселини. 

Совети: 

  • Наместо помалку големи оброци, јадете повеќе мали оброци. 
  • Не легнувајте барем еден час по оброкот, туку само во седечка или исправена положба. 

Најраните симптоми на бременост пред менструацијата 

Некои од симптомите кои можете да ги видите пред да ја пропуштите менструацијата и сте сигурни дека сте бремени, се: 

  • Имплантациско крварење, т.н. точкесто крварење 
  • Чувствителност и оток на дојките 
  • Исцрпеност и замор 
  • Поспаност 
  • Надуеност и болки во стомакот 
  • Покачена базална температура 
  • Метален вкус во устата  

Симптоми на оплодена јајце клетка – симптоми на оплодување 

Самото оплодување на јајце клетката не се манифестира преку никакви карактеристични симптоми. Она на што треба да обрнете внимание доколку сакате да останете бремени се знаците на овулација: зголемено либидо, чувствителност на мириси, блага болка во пределот на карлицата, покачена базална температура.. 

Болка во јајниците како знак за бременост 

Болката во јајниците како знак на бременост не е вообичаена. За време на периодот на овулација, може да се појави мала болка во пределот на карлицата. 

Сигурни знаци на бременост 

Некои идни мајки можеби се нетрпеливи и желни да откријат дека се бремени што е можно поскоро. Сепак, само отсуството на менструација е еден од најсигурните знаци дека сте бремени.. 

Грозница во рана бременост 

И додека покачената базална температура на телото е доста честа појава во раната бременост, температурата над 37°C треба да се прифати со претпазливост. Тоа може да биде знак за инфекција. Затоа, ако имате треска во раната бременост, ви препорачуваме да го посетите вашиот лекар. 

За потсетување, базалната температура (БТТ) е онаа што се мери веднаш по будењето наутро. 

Симптоми на имплантација на фетусот во матката 

Симптомите кои ја придружуваат имплантацијата, т.е. всадување на фетусот во матката, се благи грчеви и благо крварење. Овие симптоми не треба да ве загрижуваат, освен во случаи кога се многу интензивни. Потоа треба да се обратите кај вашиот лекар. 

Необични рани знаци на бременост 

За време на бременоста ќе имате можност да се соочите со разни необични симптоми. Некои од нив се: синдром на немирни нозе, зголемено лачење на плунка, 'рчење, подобрување на квалитетот на косата и ноктите, чувствителност на мириси и вкусови... 

Што се однесува до невообичаените рани знаци на бременост, како најнеобично би го издвоиле чувството на метален вкус во устата. Над 90% од трудниците пријавуваат дека го почувствувале овој симптом, дури и пред да помислат дека се бремени.

Твое време – дознајте повеќе 

За успешна подготовка и здрава бременост - Pregnatol Active Folate + Vit B12 

За здрав развој на бебешкиот мозок и вид - Pregnatol DHA 

 

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2884141/

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.