Влегувањето во седмиот месец го означува почетокот на последниот, трет триместар од бременоста. Доколку сè уште не сте, време е да ја подготвите вашата породилна торба. За секој случај. Дознајте што да очекувате во седмиот месец од бременоста.
Од седмиот месец од бременоста ќе почнете да чувствувате поинтензивни симптоми како отежнато дишење, замор и многу други. Тоа е затоа што бебето сега расте многу побрзо и секој ден зафаќа се повеќе и повеќе простор, секако на сметка на просторот на вашите внатрешни органи. Исто така, од овој период ќе имате повеќе медицински контроли, тестови и анализи. Сега и официјално сте во големото финале на бременоста.
На крајот на седмиот месец, бебето ќе тежи околу 1,5 кг и ќе биде долго околу 41 см. Можеме да кажеме дека во текот на седмиот месец од бременоста ќе порасне од големина на ананас до големина на диња.
Дали знаевте дека практиката на споредување на плодовите со овошје или зеленчук ја воведоа лекарите пред многу години. Се прашувате зошто. Таа практика оживеа за лекарите полесно да им го визуелизираат растот на бебето на родителите, а подоцна стана многу популарна низ целиот свет.
Седмиот месец од бременоста трае од 28. до 31. недела.
Бебето спие и сонува
Mозочните активности со секој нареден ден се повеќе се развиваат и усовршуваат. Интересно е што бебето веќе има фази на спиење. Тоа значи дека тоа има и РЕМ сон и може да сонува. Се прашувате што има во неговите соништа?
И додека мозокот на бебето се уште се развива многу интензивно, не заборавајте на задолжителното внесување на DHA омега-3 масните киселини. Како главна структурна компонента на мозокот, DHA сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот.
Pregnatol DHA ги надополнува DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со висока чистота, добиено во строго контролирани услови на производство.
И поголемо и посилно
Не само што секој ден станува се поголемо, туку и бебето е се посилно. Сега сигурно може многу добро да „шутне“. Понекогаш се случува да почувствувате нешто како ритмичко грчење? Не грижете се. Веројатно се работи за бебешко икање. Некои мајки го чувствуваат тоа неколку пати на ден. Некои бебиња воопшто не икаат, па мајките не го забележуваат овој тип на движење. Една од теориите изнесени од лекарите е дека икањето во утробата игра многу важна улога во созревањето на белите дробови.
Во седмиот месец од бременоста, бебето продолжува да собира масни наслаги и мускули, а неговите коски стануваат поцврсти. Исто така, сите пет сетила сега се развиени кај бебето. Во наредниот период лануго влакната кои ја штитат бебешката кожа од влијанието на плодовата вода, сега полека ја завршуваат својата улога и опаѓаат.
Бебето периодов е многу активно, а една од активностите со кои се занимава е да ја фаќа папочната врвца со малите прсти и стапала..
Како се чувствувате?
Дали сте слушнале за „вгнездување“? Во последното тримесечје од бременоста, многу идни мајки купуваат се што е потребно за бебето, го уредуваат просторот во кој ќе престојува бебето кога ќе се роди и детално ја уредуваат куќата. Овие подготовки за доаѓање на бебето често популарно се нарекуваат гнездење од трудниците. Инспирирани од потребата на птицата да го затворат гнездото кога треба да снесат јајце.
Сепак, не се оптоварувајте премногу. Имате доволно време да подготвите сè. Одморете колку што можете повеќе и грижете се за вашето физичко и ментално здравје.
Препорачуваме:
Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи во една дневна доза.
Витамините и минералите се внимателно одбрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.
Симптоми во седмиот месец од бременоста
- Проблеми со спиењето. Главните причини за лошиот сон во третиот триместар од бременоста се хормоните и напнатите нерви. Обидете се да се опуштите со некоја смирувачка активност.
- Недостаток на здив. Бебето продолжува да ги притиска вашите органи, особено белите дробови и дијафрагмата, поради што можеби сте се навикнале да имате недостаток на воздух. Ова е тежок период за вашето тело. Одмарајте се почесто.
- Протекување млеко. Вашите гради веќе ја произведуваат првата храна за бебето. Може да забележите жолтеникави траги од колострум на вашиот градник.
Други вообичаени симптоми во седмиот месец од бременоста се:
- Болки и грчеви во нозете,
- Бракстон Хикс контракции,
- Главоболка и/или вртоглавица,
- Чешање на кожата во пределот на стомакот,
- Болка во грбот и колковите,
- Хемороиди,
- Констипација,
- Често мокрење,
- Губење здив,
- Суви, кршливи нокти.
Чувствувајте се подобро
Купете влошки за гради. Влошките кои го апсорбираат млекото што понекогаш истекува од градите може да се купат во која било добро снабдена аптека. Не чекајте дамка на вашата маица или омилен фустан да ве изненади.
Вежбајте за породување. За да бидете подготвени кога ќе дојде денот на породувањето, почнете да го вежбате вашето дишење. Ова вклучува длабоко вдишување и издишување. Оваа вежба може да помогне и во ублажување на симптомите на отежнато дишење. И, се разбира, ќе бидете подобро подготвени кога породувањето ќе започне.
Истегнување. Истегнувањето може да помогне при болки во грбот. Оваа едноставна активност ви помага многу брзо да се чувствувате подобро.
Намалете го внесот на кафе и чај. Секој ја има својата омилена шолја топол пијалок. Ако за вас е кафе или чај, знајте дека овие пијалоци можат да делуваат како диуретици и дополнително да поттикнат често мокрење.
Совети за седмиот месец
Претпоставуваме дека веќе сте почнале да ја подготвувате вашата породилна торба. Ако не сте, седмиот месец од бременоста е вистинско време за тоа. Кога ќе го финализирате пакувањето, оставете ја торбата во ходникот или некаде во близина на влезната врата. Најдобро е да го имате при рака ако поради некоја причина морате да се породите порано.