Сезонскиот грип се јавува во постудениот дел од годината, односно во текот на есента и зимата. Затоа овој период често се нарекува „сезона на вируси“.

Кога велиме сезонски грип, се подразбира дека мислиме на акутна респираторна инфекција, предизвикана од вирусот инфлуенца, кој циркулира во сите делови на светот.
Што е сезонски грип?
Постојат 3 типа на вируси инфлуенца кои ги инфицираат луѓето и предизвикуваат сезонски грип. Тоа се типови А, Б и Ц. Вирусот инфлуенца тип А и тип Б циркулираат низ светот и предизвикуваат сезонски епидемии.
Постојат и подтипови кои се развиваат во оквир на типовите (на пример A H1N1).
Сезонски грип се пренесува со капки и затоа е многу заразен. Многу лесно пренесува во затворени простории и во колективи - канцеларии, училници, градинки.
Кога се јавува сезонски грип?
Дури ни CDC (америчкиот Центар за контрола и превенција на болести) не може прецизно да предвиди кога точно ќе почне сезонскиот грип секоја година. Меѓутоа, со следење на движењето на вирусот низ планетата, се собираат податоци кои овозможуваат некоја вид на предвидување за секоја година.
Врз основа на епидемиите што се случија во периодот од 1982 до 2016 година, направен е преглед на месеците во кои се случиле врвовите на епидемијата.
Февруари беше месец кога сезонскиот грип го достигна врвот на епидемијата во 14 од 34 сезони;
Декември - врвот на епидемијата во 7 од 34 сезони;
Март - во 6 од 34 сезони;
Јануари - во 5 од 34 сезони.
Сезонскиот грип е ризичен за децата под 5 години
Вирусот на грип е прилично агресивен, особено кон слузокожата на дишните органи. Затоа предизвикува компликации почесто од другите вируси, кои понекогаш знаат да бидат многу сериозни.Компликации кои најчесто се јавуваат се: инфекција на увото, инфекција на синусите, пневмонија.
Сезонскиот грип е најризичен за малечките помлади од 5 годишна возраст, особено оние кои се помалади од 2 години. Освен нив, загрозени се лица постари од 65 години, трудници,жителите во домовите за стари лица и пациенти кои боледуваат од хронични заболувања.
Имунитет
Силниот имунитет заснован на здрава исхрана, квалитетен сон и редовна физичка активност е добра основа за заштита од болести доколку некој дојде во контакт со вирусот на сезонски грип.
Bimunal Imuno е сируп наменет за имунитет и има сосема уникатен состав.
Он содржи екстракт од плодот на црн бозел како и баобабот, т.н. супер овошје кое се карактеризира со многу висока количина на природни хранливи материи - витамини, минерали и пребиотици (природни влакна). Баобаб е исклучително богат со витамини Ц, Д, А, Е, Б комплекс, како и со минерали: калциум, магнезиум, цинк, калиум и железо.
Светска здравствена организација (WHO) препорачува и годишна вакцинација како заштита од сезонски грип. Вакцинацијата се препорачува за:
- бремени жени во која било фаза од бременоста,
- деца на возраст меѓу 6 месеци и 5 години,
- сите луѓе на возраст над 65 години,
- лица кои страдаат од хронични заболувања,
- здравствени работници.
Сезонски грип - препораки
Одморот и пиењето повеќе течности обично е првата препорака на сите лекари кога станува збор за сезонскиот грип.
Зголемената температура е сосема природна реакција на телото на нападот на вирусот, што му овозможува на телото да се одбрани од нападот. Не се препорачува спуштање се додека не се искачи над 38,5 °C.
VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
VIRANTO Adults for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/influenza-(seasonal)
https://www.cdc.gov
https://onlinenursing.duq.edu/when-flu-season/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31565469/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31752295/