Contact US

Шестти месец бременост

Почна последниот месец од вториот триместар од бременоста. Искористете го овој период за патување, одмор и грижа за себе. Ќе влезете во третиот триместар, па многу работи стануваат попредизвикувачки. Дознајте како бебето напредува во шестиот месец од бременоста и кои хранливи материи се важни за правилен развој на видот.

Бебето од ден на ден станува се поголемо, позрело и се развива. Продолжете да се храните здраво, внимавајќи на сите важни хранливи материи. Исто така, не заборавајте на редовните контроли и анализи и не двоумете се да го прашате вашиот гинеколог се што ве интересира. Многу важен тест кој треба да го направите во шестиот месец од бременоста е тестот за оптоварување на гликоза (OGTT тест). Откријте зошто во следниот текст.

Во текот на шестиот месец, вашето малечко ќе достигне големина на голема главица зелена салата. На крајот на овој месец ќе тежи околу 870 грама и ќе достигне должина од 37 см.

Шесттиот месец од бременоста трае од 23. до 27. недела.

Дали бебето спие или е будно

Веќе на почетокот на шестиот месец од бременоста, можете да забележите дека бебето понекогаш е мирно 12 часа. Ова е најверојатно затоа што сега периодите на спиење и будност се веќе јасно разделени.

Немојте да се чудите ако забележите дека бебето е мирно додека вие се движите. Ова обично значи дека бебето спие со смирувачко лулање на вашите движења. Тоа може да значи и дека бебето веројатно ќе биде будно кога ќе седнете или ќе легнете да се одморите. Магијата на родителството веќе започнува! 

Што бебето слуша?

Иако можеби не ја слуша истата музика како вие, вашето бебе слуша нешто од надворешниот свет. Тоа се обично погласни или попродорни звуци кои допираат до него, како на пр. сирена од автомобил или кучешко лаење.

Меѓутоа, звуците кои вашето бебе ги слуша цело време, кои му се познати и смирувачки, се вашиот глас и чукање на срцето.

Ако сте забележале дека бебето повремено треперува на силен звук, тоа значи дека рефлексот Моро (т.н. рефлекс на шок) веќе се развива.

Секој ден, бебето има се повеќе и повеќе масни наслаги кои се формираат под сè уште збрчканата и малку проѕирна кожа. Ова е причината поради која секој момент се повеќе личи на вистинско новороденче. Белите дробови на бебето се развиваат брзо. Тоа ја вдишува и издишува плодовата вода и на тој начин го вежба дишењето.

Правилен развој на видот

Многу возбудлив развоен период, кога зборуваме за развојот на видот на бебето. Во овој период тоа почнува да ги отвора очите и да гледа. Токму така, тоа почнува да ги крева очните капаци со сите трепки. И дали знаете кои хранливи материи се исклучително важни за правилен развој на видот, острината на видот и функцијата на очите?

Тоа се DHA омега-3 масните киселини! Покрај тоа што е структурна компонента на окото, DHA омега-3 е една од главните структурни компоненти на мозокот и сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот. Pregnatol DHA содржи DHA добиен од природно масло од морски микроалги. Тој е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство.

Препорачуваме Pregnatol DHA for you!

Тест на оптеретување со гликоза (OGTT)

Тестот за оптоварување на гликоза се прави помеѓу 24. и 28. недела од бременоста. Зошто се прави овој тест и како изгледа, прочитајте во следните редови. 

OGTT тестот се користи за тестирање на способноста за метаболизирање на гликозата (шеќерот). Во овој период од бременоста, тоа е многу важно, бидејќи ако телото не ја метаболизира правилно гликозата, може да доведе до развој на гестациски дијабетес, состојба која предизвикува компликации во бременоста, како што е прееклампсија.

ОГТТ тестот се изведува во лабораторија врз основа на примерок од крв, кој се зема откако ќе испиете раствор од гликоза. Крвта се зема за анализа неколку пати во рок од неколку часа. Резултатот го покажува движењето на нивото на гликоза во крвта.

Симптоми во шестиот месец од бременоста

  • Отечени глуждови и стопала.- Умерениот оток е нормален. Можете да го ублажите со редовни прошетки, пиење повеќе вода и одмор со кренати стапала. Ако отокот одеднаш се влоши, задолжително контактирајте го вашиот гинеколог.
  • Крварење на непцата. Оток и крвавење на непцата може да се јават како симптом во овој период од бременоста, а се јавува поради зголемен проток на крв. Сменете ја четката за заби. Купете нова, со меки влакненца.
  • Линеа негра. Зголемено лачење на хормони и меланин пигмент предизвикува темна промена на бојата на кожата во форма на линија која се спушта од папокот на средината на стомакот. Ќе исчезне неколку недели по породувањето. 

Од останатите симптоми на бременост кои се јавуваат во шесттиот месец, можете да очекувате:

  • Бракстон Хикс контракции,
  • Болка во грбот,
  • Грчеви во нозете,
  • Стрии,
  • Констипација,
  • Хемороиди,
  • Подобрен тен,
  • Погуста и посјајна коса,
  • Појаки нокти.

Здрави навики, здраво бебе

Препорачуваме:

Pregnatol Multi + Active Folate for you!

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза.

Pregnatol DHA for you!

Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина). 

Совет за шесттиот месец од бременоста

Побарајте поддршка 

За каква поддршка и да зборуваме, сега е вашата шанса да ја побарате и да ја искористите. Без разлика дали се работи за поддршка во форма на удобен породилен градник кој совршено стои, перница за спиење или најдобра пријателка која ќе се јави на телефон среде ноќ. Можеби ви треба поголема поддршка од драги луѓе околу вас. Не двоумете се да побарате.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.