Contact US

Што е потребно да се направи за да се подготви детето за градинка и училиште?

И додека летните денови се сè пократки, ние сме се поблиску до крајот на распустот и повторно враќањето во градинка и училиште. Безгрижните сончеви денови и многу слободно време ќе бидат заменети со построга организација на денот, поголема дисциплина и обврски за најмалите.

Наскоро децата ќе се вратат во училишните клупи и просториите во градинките, многу повеќе изложени на контакти и потенцијални вирусни инфекции. Затоа треба да започнете со зајакнување на имунитетот веќе во овој период кога летото е при крај. 

Што ја сочинува основата на имунитетот на детето? 

Имунитетот на детето се потпира на три столба - исхрана, спиење и физичка активност. Летото е период во кој децата јаделе многу свежо овошје и зеленчук, спиеле подолго наутро и повеќе време поминувале надвор и биле физички активни. Тоа би требало да значи дека сега и нивниот имунитет е посилен. 

Но, имунитетот треба дополнително да се зајакне со препарати наменети за имунитет кои содржат состојки од природно потекло. 

Како до подобар имунитет? 

Како додатоци на разновидна исхрана и здрав начин на живот, се препорачуваат препарати кои содржат природни активни супстанции за зајакнување на имунитетот. 

Bimunal Imuno, сирупот наменет за имунитет содржи суперовошје баобаб со уникатен нутритивен состав, висока концентрација на екстракт од плод од црн бозел, екстракт од овошје ацерола, витамин Ц, цинк, бакар и мед. 

Како храна која спаѓа во една од најхранливите намирници  во светот, овошјето баобаб е моќен извор на витамини, минерали и влакна. Тој содржи  исклучително висока количина на природни витамини, минерали и пребиотици - природни влакна. Плодот на баобаб содржи природни витамини Ц, Д, А, Е, Б комплекс и минерали калциум, магнезиум, цинк, калиум и железо. 

Плодот на црн бозел содржи преку 40 активни состојки, флавоноиди, полифеноли, минерали и витамини. Токму затоа тој се наоѓа во составот на суплементите за зајакнување на имунитетот. 

Благодарение на фитонутриентите кои ги содржи медот е многу корисен, поради што често се вклучува во препаратите наменети за имунитет. 

Кога се препорачува дополнително зајакнување на имунитетот ? 

Континуирана примена на сирупот Bimunal Imuno се препорачува: 

  • За време на сезонски инфекции 
  • По употреба на антибиотици; 
  • Пред да заминат децата во колектив (градинка, училиште); 
  • За време на престојот на децата во колективи (градинка, училиште), особено во периодот од септември до март. 

Сирупот Bimunal Imuno се препорачува за сите малечки постари од една година.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.