Додека е во стомакот на мајката, бебето ги добива сите хранливи материи од мајката. По раѓањето, за да продолжи со здрав раст и развој, тоа мора да добива хранливи материи преку храна и додатоци. Дознајте што сè е потребно за бебето од раѓање.
Периодот од зачнувањето до втората година од животот, односно првите 1000 дена по раѓањето е од клучно значење за сечие идно здравје. Тоа е периодот во кој се поставени темелите на идното здравје на детето.
Мајчиното млеко нема вистинска алтернатива и затоа е најдобрата храна за бебето од самото раѓање, а доењето е најдобар и најздрав избор за хранење на новороденче.
Мајчиното млеко содржи совршена комбинација од се што му е потребно на бебето за здрав развој и раст - витамини, протеини и масти.
Ништо не се споредува со мајчиното млеко и неговите придобивки за бебето.
Доењето е дар на природата и најздрав начин да се нахрани новороденче, доенче и мало дете до двегодишна возраст. Не само составот, туку и количината на млеко постојано се прилагодува на возраста на детето и неговите потреби. Доењето има големо позитивно влијание врз здравјето на детето, но и на мајката во текот на нејзиниот живот.
Не постои лошо мајчино млеко. Секоја мајка има уникатен состав и е идеална за своето бебе. Хранливите компоненти во мајчиното млеко се важни, не само за правилен раст и развој на бебето, туку и за развојот на имунолошкиот систем, интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на детето.
Педијатрите и неонатолозите во Европа, како и во земјите од нашето поднебје, од осмиот ден по раѓањето, покрај редовна исхрана, препорачуваат и задолжителна суплементација.
Витамин Д3 (400 IЕ дневно)
Витаминот Д3 придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата. Неопходен е за метаболизмот на калциум и фосфор. Со помош на витаминот Д3, калциумот поуспешно се апсорбира во дигестивниот тракт и се „вградува“ во коските.
Исто така, многу е важно да се напомене дека витаминот Д3 придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем на децата.
Во текот на првата година од животот се препорачува дополнување во доза од 400 IЕ на ден (10 mcg), додека во втората година се препорачува да се користи во зимските месеци (од октомври до март).
Babytol D3 + DHA Omega содржи препорачана дневна доза во една “twist off” капсула.
Витамин K1 (25 mcg дневно)
Витаминот К1 се нарекува и „витамин за коагулација“. Се препорачува употреба на 25 mcg на ден, од 8-ми ден до крајот на третиот месец по раѓањето.
Со употреба на една капсула Babytol D3 + K1 дневно, ќе бидете апсолутно сигурни дека бебето ја земало препорачаната доза.
DHA омега-3 масни киселини (100 mg дневно)
DHA омега-3 масните киселини се многу важни структурни компоненти на нервните клетки на мозокот и мрежницата на окото. Овие масни киселини сочинуваат голем процент од градливата материја на сивата материја на мозокот, како и мрежницата на окото. DHA сочинува околу 12-15% од вкупната количина на масни киселини во сивата материја на мозокот и 35-50% во фоторецепторите во мрежницата на окото.
Внесувањето на DHA придонесува за нормален развој на видот кај доенчиња до 12 месеци. Корисен ефект се постигнува со дневен внес од 100 mg DHA.
Препораки
Од 8. ден до крајот на 3. месец
Ако вашето бебе е на адаптирана формула за доенчиња, тие веќе содржат витамин К1. Во овој случај користете Babytol D3 + DHA Omega, бидејќи содржи DHA и витамин Д3 неопходни за вашето бебе до крајот на третата година од животот..
Од полни 3 месеци до крајот на 3. година
Кога да се користи D3 + DHA Omega, а кога само DHA Omega?
Употребата на препаратот Babytol DHA Omega се препорачува од првите денови по раѓањето, кога се користи друг препарат кој содржи витамин Д3 (Babytol D3+K1). По третиот месец кога Babytol D3+K1 повеќе не се користи, се препорачува да се користи производот Babytol D3 + DHA Omega, бидејќи содржи DHA и витамин D3.
Се препорачува за деца до три години Babytol D3 + DHA Omega во текот на есенските и зимските месеци (од октомври до март), и во текот на пролетните и летните месеци (од април до септември) Babytol DHA Omega.
Меѓутоа, во некои случаи Д3, т.е. Babytol D3 + DHA Omega, сепак треба да се применува во текот на летните месеци:
Ако вашето дете е под една година. - Витаминот Д3, според сите европски и национални препораки, се применува од 8-ми ден од животот, секојдневно, до една година.
Ако детето не излегува надвор без заштита од сонце во текот на летните денови. Кремите и лосиони кои содржат заштитни фактори ги блокираат сончевите зраци, така што процесот на претворање на неактивната форма на витамин Д во активен Д3 е оневозможен.