Фолната киселина игра исклучително важна улога за време на бременоста:
- учествува во процесот на формирање и затворање на невралната туба кај фетусот. Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за дефекти на невралната туба кај фетусот.
- придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, раст на мајчиното ткиво за време на бременоста и нормално формирање на крв.
- учествува во многу витални биолошки процеси
Фолната киселина игра улога во клеточната делба, па затоа е особено важна во периоди на брза клеточна делба и раст, како што е периодот на бременост кога фетусот расте.
Исклучително е важно да се обезбеди соодветно ниво на фолати пред зачнувањето и во текот на целата бременост. Активниот фолат придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин.