Дојде долгоочекуваниот момент. Се роди бебето! Најскапоценото суштество конечно е во ваши раце. Нормално е да сакате да му го дадете најдобриот можен почеток да расте. За почеток, вие му давате неизмерна љубов. Но, да не заборавиме на се друго што е важно. Дознајте сè за правилнота суплементација на доенчињата.
Мајчиното млеко е идеална и најдобра храна за вашето бебе. Полно е со хранливи материи, совршено избалансирано и прилагодено на потребите на бебето. Со доење, вие обезбедувате на вашето бебе да се развива правилно, расте и да се бори со болести. Бидејќи го знаете сето ова, сигурно се прашувате дали мајчиното млеко содржи се што е потребно за бебето и дали е потребно вашето бебе да внесува некои други витамини.
И додека мајчиното млеко ги обезбедува повеќето хранливи материи, постојат неколку хранливи материи, минерали и витамини за бебето кои треба дополнително да се обезбедат. Затоа педијатрите и неонатолозите препорачуваат задолжително дополнување од осмиот ден по раѓањето.
За силни коски и добар имунитет - витамин Д3
Витаминот Д3 е многу важен за правилна користење на калциум и фосфор. Токму затоа е од клучно значење за развојот и растот на коските на бебето.
Веројатно една од поважните улоги, која научниците особено ја истражуваа во изминатите неколку децении, е придонесувањето за нормален имунитет.
Препорачаната дневна доза е 400 IЕ на ден (10 mcg) во текот на првата година од животот.
Препорачуваме!
Babytol D3 - со примена на една капсула дневно, бебето го добива потребниот витамин во точна дневна доза.
Babytol D3 + DHA Omega - 100% од препорачаната доза на витамин Д3 од 400 IЕ и 100% од препорачаната доза на DHA омега-3 масна киселина од 100 mg.
Витамин K1
Витаминот К се наоѓа во многу скромни количини во мајчиното млеко, а бебињата се раѓаат со многу ниски нивоа. Се препорачува дополнителен внес од 25 mcg на ден од 8-ми ден до крајот на третиот месец по раѓањето.
Препорачуваме!
Babytol D3 + K1 бебешките витамини содржат 25 mcg витамин К1 и 400 IЕ витамин Д3.
За правилен развој на бебешкиот вид - DHA омега-3 масни киселини
DHA омега-3 масните киселини се градлива материја на мрежницата на окото. Во фоторецепторите на мрежницата на окото, DHA сочинува околу 35-50% од сите масти. Затоа, тие се важни за нормален развој на видот кај доенчињата до 12 месеци, па педијатрите и неонатолозите препорачуваат да се земаат од првите денови по раѓањето. Препорачаната дневна доза за новороденче е 100 mg.
Неонатолозите и педијатрите, врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), препорачуваат дневен внес од 100 mg DHA омега-3 масни киселини, од раѓање до 2-годишна возраст.
Препорачуваме!
Babytol DHA Omega - DHA од масло од морски микроалги - еден од најбогатите и најчистите извори, со висок квалитет.
Babytol D3 + DHA Omega - 100% од препорачаната доза на витамин Д3 од 400 IЕ и 100% од препорачаната доза на DHA омега-3 масна киселина од 100 mg.
Како да се применуваат витамини за бебиња?
Од 8-ми ден до крајот на третиот месец препорачуваме дневно надополнување на витамини Д3 и К1 со користење на препаратот Babytol D3 + K1 и надополнување со DHA омега-3 масни киселини со препаратот Babytol DHA Omega. Откако бебето ќе наполни 3 месеци, препорачуваме да го користите производот Babytol D3 + DHA Omega.
Ако бебето се храни со адаптирана формула за доенчиња, која веќе содржи некои витамини за бебиња, меѓу кои и К1, ве советуваме да го применувате само препаратот од 8-ми ден по раѓањето Babytol D3 + DHA Omega, бидејќи содржи DHA и витамин Д3 во препорачаната дневна доза.