Contact US

Зајакнување на имунитетот природно

Освен што на имунолошкиот систем може да влијае исхраната и изборот на здрави животни навики, дополнително можеме да го стимулираме и со плодови од природата.

Црн бозел – преполн со здрави состојки  

Луѓето отсекогаш користеле природни состојки кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Еден од нив е црниот бозел. 

Црниот бозел содржи над 40 активни состојки: флавоноиди, полифеноли, минерали и витамини. Неговиот мал плод е полн со здрави материи. Содржи бета каротен, витамин Ц, антоцијани, танини, амино киселини, како и хлорогена киселина. 

Сите црвени бобинки содржат антоцијани, а како што покажа истражувањето чии податоци се на располагање на Министерството за земјоделство на САД, црниот бозел има неколку пати поголема количина на антоцијани во споредба со другите црвени бобинки.  

Препорачуваме Bimunal Imuno, сируп за деца и Bimunal Imuno Adults, капсули за возрасни. 

Важни витамини и минерали 

Витамин Д – освен што е важен за нормален раст и развој на коските, витаминот Д3 придонесува и за нормално функционирање на имунолошкиот систем кај децата. 

Цинк - придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. 

Витамин Ц - придонесува за одржување на нормален енергетски метаболизам, намалување на замор и исцрпеност, заштита на клетките од оксидативен стрес и нормално функционирање на имунолошкиот систем. 

Добар сон за подобар имунитет 

Недостатокот на сон може негативно да влијае на имунолошкиот систем. Возрасните и децата кои не спијат доволно и немаат квалитетен сон имаат многу поголема веројатност да се разболат кога се изложени на вирусот. Спиењето, исто така, влијае на брзината на закрепнување кога ќе се појави болест. 

За време на спиењето, имунолошкиот систем ослободува цитокински протеини, кои се многу важни за телото да се бори против болестите. Недостатокот на сон може да го намали производството на цитокини. 

Кога не спиеме доволно, се намалува и бројот на антитела и клетки кои се борат против инфекцијата. Во зависност од нивната возраст, на децата им требаат 10 до 14 часа сон, а на возрасните од 7 до 9 часа. 

Физичката активност и свежиот воздух го зајакнуваат имунитетот 

Покрај тоа што ќе се чувствувате поздраво и посилно кога вежбате и поминувате многу време на свеж воздух, тоа може да помогне и во зајакнување на вашиот имунолошки систем. 

Затворените простори се полни со микроби, особено таму каде што престојуваат децата - училници, градинки, детски центри... Затоа е многу важно децата, но и возрасните да поминуваат одреден период надвор во текот на денот. 

Престојот на свеж воздух го подобрува зајакнувањето на имунолошкиот систем, како и отпорноста на алергии кај децата. Истражувањата покажаа дека децата кои живеат во повеќе рурални области и поминуваат повеќе време надвор се многу поздрави и поотпорни.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.