Contact US

Закрепнување по спонтан абортус и планирање на нова бременост

Спонтаниот абортус е тешко да се поднесе и потребно е сила и време некој да се опорави од него. Покрај тоа што телото треба физички да се опорави, неопходно е и емотивно да заздрави. Дознај повеќе.

Тежок настан како спонтан абортус може да предизвика различни емоции, навистина цела низа емоции. Потребни се неколку недели за женското тело физички да се опорави од спонтан абортус. Колку време ќе биде потребно за закрепнување зависи и од тоа во кој период од бременоста дошло до спонтан абортус. 

Физички промени по абортус 

По спонтан абортус, жените обично го доживуваат следново: 

  • Вагинално крварење, слично на менструацијата. Може да трае подолго од една недела по абортусот. Може да биде благ или обилен. 
  • Стабилизација на циклусот во период од 3 до 6 недели. 
  • Болки и грчеви во долниот дел на стомакот, околу два дена по абортусот. 
  • Непријатност во градите, надоаѓање или истекување на млеко. Престанува за околу една недела. 
  • Некои хормони за бременост остануваат во крвотокот еден до два месеци по абортусот. 

Како да се спречи инфекција? 

Откако ќе го посетите вашиот лекар и ќе ги следите сите упатства што ви биле дадени, има неколку работи што можете да ги направите за да спречите инфекција додека сеуште крварите. Тоа вклучува: 

  • Користете влошки, а не тампони. 
  • Не одете на базен. 
  • Туширајте се, не се капете. 
  • Немајте да практикувате сексуални односи. 
  • Доколку лекарот ви препишал антибиотици, многу е важно да ги користите според упатствата до крајот на терапијата. 

Вратете се на редовните активности 

Веднаш штом ќе се чувствувате фит, можете да се вратите на секојдневните активности. Враќањето на нормалната животна рутина може да биде уште еден придонес за понатамошно психолошко закрепнување. Во секој случај, доколку имате дилема и сте неодлучни, слушајте го вашиот лекар. Исто така, прашајте го дали има некакви упатства поврзани со физичката активност и како да ги следите.

Планирање на нова бременост 

Искуството низ кое жената поминува кога ја губи бременоста носи неизмерна тага и болка. Да се ​​има спонтан абортус е многу тешко. Ова е причината зошто емоционалното закрепнување трае многу подолго од физичкото. Важно е жената да си дозволи да тагува, бидејќи само така може постепено да дојде до прифаќање и закрепнување. 

Најдобро е да разговарате со вашиот лекар за тоа кога е време да планирате друга бременост. Генерално се препорачува да поминат најмалку еден до три менструални циклуси пред да се обидете да забремените. За тоа време редовно посетувајте го вашиот гинеколог.  

За успешна подготовка 

Вашиот лекар најверојатно ќе препорача здрава исхрана и ќе ви ја објасни важноста на здравата исхрана во подготовките за бременост. Една од најважните супстанци, чија примена преку додатоци во исхраната се препорачува најмалку еден месец пред зачнувањето, е фолатите.  

Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолати и витамин Б12 во природни форми. Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат во друга состојба, како и за трудници за време на бременоста.

 

https://americanpregnancy.org/getting-pregnant/pregnancy-loss/physical-recovery-after-miscarriage/

https://americanpregnancy.org/getting-pregnant/pregnancy-loss/miscarriage-surviving-emotionally/

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.