Запекот кај децата е вообичајна и честа појава. Тегобите кои се јавуваат се поврзани со отежнато празнење на цревата, а тоа најчесто се јавува поради исхраната, промени во составот на цревната флора, поради премин од пелени во нокшир и сл. Дознајте како можете да му помогнете на вашето дете.
Кога детето има запек (kонстипација),столицата е многу сува и тврда, што го отежнува редовното празнење на дебелото црево. Детето поради маките што ги трпи е нервозно и раздразливо, што понекогаш го отежнува решавањето на овој, главно безопасен и пролазен проблем.
Симптоми на запек кај децата
Симптомите кои укажуваат дека детето има запек се следниве:
- Детето нема најмалку три празнења неделно;
- Составот на столицата е тврд и сув;
- Детето има потешкотии кога го исфрла изметот;
- Детето има болки при исфрлање на измет;
- Детето често го боли стомакот;
- Како знак дека столицата се вратила во ректумот, родителите можат да видат траги на долната облека на детето;
- На површината на формираната столица понекогаш може да се забележат траги од крв;
- Детето одбива да оди во тоалет, поради претходното лошо искуство и претрпената болка.
Што предизвикува запек кај децата?
Столицата станува премногу сува и тврда кога се движи предолго и премногу бавно низ дигестивниот тракт, односно кога детето не ја исфрли навреме. Постојат различни фактори кои можат да влијаат и да придонесат за појава на запек кај децата. Тоа може да биде начин на исхрана, но и одложување на одењето во тоалет. Некои деца се поподложни поради генетска предиспозиција, а некои поради употреба на одредени лекови.
Факторите често работат заедно и на тој начин придонесуваат за запек кај децата.
Одложување на одење во тоалет и запек кај децата
Детето го одложува одењето во тоалет поради игра. Мало дете не сака да престане да игра за да оди во тоалет. Некои деца го одложуваат одењето во тоалет ако не се дома или ако мораат да користат друг тоалет.
Здравата исхрана е важна
Исхраната сиромашна со корисни култури на батерии и влакна може да ја забави работата на цревата и постепено да доведе до запек. Затоа, децата треба редовнода консумираат јогурт, кефир, зеленчук и овошје.
Животни промени и искуства
Ако детето веќе имало тврда столица, може да се воздржи поради тоа, за да избегне болка при нужда.
Периодот кога детето се префрла од пелена во нокшир може да се совпадне со периодот на психофизички развој кога столицата ја доживува како своја, па не сака да ја испушти во нокшир. Одложувањето за неколку дена многу често доведува до запек. Ако родителите го принудат детето да го користи нокширот, тоа може да го влоши проблемот.
Ако детето тешко се справува со промените, тогаш настаните како селењето или одењето во градинка може да придонесе за запек.
Здравствени состојби и влијание врз запек
Некои лекови, како што се антибиотиците, може да предизвикаат запек. Употребата на корисни бактерии заедно со антибиотици ја намалува можноста за дијареа и запек.
Ако детето има алергија на кравјо млеко или друг млечен производ, тоа може да влијае на работата на дигестивниот тракт.
Генетската предиспозиција исто така игра улога кога зборуваме за фактори. Затоа, доколку и родителите имаат проблем со запек, поголема е можноста тоа да го има и детето.
Многу ретко, запекот може да биде резултат на медицинска состојба или болест.
Како да му помогнете на детето?
Ако вашето дете често има потешкотии со движењето на дебелото црево, следете ги овие совети:
- Зголемете го внесот на течности, особено вода;
- Секој ден послужете му на детето овошје и зеленчук;
- Овозможете му на детето да биде физички активно;
- Воспоставете дневна рутина за детето да оди во тоалет;
- Зголемете го внесот на корисни бактерии и влакна.