Contact US

Здрава исхрана за деца

Детето кое се храни здраво е здраво дете. Секој родител го знае тоа. Исто така, родителите знаат дека денес, иако живееме во време на изобилство кога е храната во прашање, потешко од било кое време во минатото е да се организира и да се обезбеди здрава исхрана за децата. 

Дознајте зошто е тоа така и што можете да направите за да му помогнете на вашето дете да се храни здраво. 

Времето на индустријализација донесе бројни промени во секојдневниот живот на човекот. Многу вработени поминуваат се помалку време дома. Родителите се на работа, децата се на училиште и во градинка. Идеалот за заеднички ручек е ретко остварлив, а за многу семејства е недостижен. 

Јадеме се помалку здрава храна, а се повеќе и повеќе индустриски преработена храна. Дополнително, променети се и начините на преработка на храната, се со цел полесно и побрзо подготвување дома. Храната достапна во супермаркетите често е полу-преработена, полу-подготвена, „збогатена“ со разни адитиви, вештачки конзерванси, емулгатори... 

Дополнителни фактори кои влијаат на исхраната на децата се исто така последица на модерниот живот. Тоа се: вклопување во социјалната средина, недостаток на време, недостаток на пари, стрес... 

Здрава храна за деца 

Исхраната во детството, покрај тоа што влијае на здравиот раст и развој на детето, може да биде важен фактор кој го намалува ризикот од развој на разни болести во зрелата возраст. 

За да му овозможите на вашето дете да се храни здраво, треба да го поттикнете да го прави тоа, а со изборот на храната што ќе ја купите, да му овозможите да направи здрав избор. Еве неколку совети: 

  • Фокусирајте се на разновидна исхрана наместо на одредена храна. Храната која доминира во чиниите треба да биде минимално индустриски обработена и во што е можно поприродна состојба. Избегнувајте преработена, пакувана храна. 
  • Бидете пример за вашето дете. Детето има многу силен импулс да имитира, затоа не барајте од него да јаде зеленчук ако јадете чипс или помфрит. 
  • Разговарајте со вашето дете за вкусот на здравата храна. Додадете зеленчук во стек на чинија, моркови во пире од компири или печено јаболко наместо индустриски бонбони. Разговарајте за разликата во вкусот и нагласете ги придобивките од здравата храна. 
  • Вклучете го детето во купување и подготовка на храна. Додека купувате, можете да разговарате со него за начинот на кој ги избирате вашите намирници и за важните информации на етикетите на производите. 
  • Купувајте од мали локални производители. На пазарот изберете тезга на која се продаваат производи од мали фарми и од самиот производител. На тој начин можете да прашате се за самиот производ, како и за начинот на кој е произведен, на лице место. 
  • Ограничете ја големината на порцијата и не инсистирајте детето да јаде се што е во чинијата. Никогаш не користете храна за да го поткупите или наградувате вашето дете. 

Здрава ужинка за деца 

За да избегнете пазарење во пекара, подгответе училишна закуска дома. Пример за добра училишна закуска е сендвич со 'ржан леб, путер, домашно печено говедско месо и зелена салата. Заедно со сендвичот пакувајте му овошје на детето. 

Здрава исхрана за децата дома 

Подгответе оброци дома. Храната во рестораните, особено оние кои служат брза храна, содржи многу шеќер и нездрави масти. Гответе со децата. Децата претпочитаат да јадат храна во која самите учествувале во процесот на подготовка. Додека готвите заедно, разговарајте за придобивките од здравата храна. Оставете ги децата да донесат некои одлуки. На пример, дали да ги исечете морковите на прстени или стапчиња. 

Обидете се да реализирате барем еден заеднички семеен оброк дневно. Кога целото семејство е заедно, децата имаат можност да научат здрави навики во исхраната од остатокот од членовите на домаќинството. 

Останете здрави 

Многу е тешко да ги внесете сите хранливи материи во вашата секојдневна исхрана. Ако се земе предвид фактот дека денешната детска исхрана не обезбедува урамнотежено внесување на потребните хранливи материи, знаеме дека е важно и внесувањето преку нутритивните суплементи. 

Препорачуваме: 

Probival Choco + C + Zn – наменет за имунитет и микрофлора кај деца. 

Bimunal Imuno – наменет за имунитет. 

MegaKid Krill – наменет за детскиот имунитет, раст и развој. 

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.