Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина) и се користи за дополнување на DHA омега-3 масна киселина кај бремени жени и доилки. Внесувањето на докосахексаеноична киселина (DHA) за време на бременост и доење придонесува за нормален развој на видот и мозокот на фетусот и новороденчето. Поволно дејство се постигнува со внесување на 200 mg DHA дневно. Pregnatol DHA во една капсула ја содржи препорачаната дневна доза на DHA омега-3 масна киселина. Наменета за употреба во текот на бременоста и доењето.
DHA е омега-3 масна киселина - есенцијална масна киселина која не се синтетизира во телото, туку се внесува преку храната. Тaа е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата на окото: 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот се составени од DHA, додека во мрежницата таа сочинува 93% од вкупниte омега- 3 масни киселини. Дури 60% од структурата на мозокот се масти, а 25% од тие масти се DHA. Како исклучително важна структурна компонента, DHA сочинува 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот.
Најинтензивниот раст на мозокот на бебето се јавува во последниот триместар од бременоста и во првата година од животот. Во првите две години од животот, DHA е од суштинско значење за критичните сврзувачки компоненти во мозокот. DHA Омега-3 масните киселини се неопходни за развојот на видот и мозокот на бебето. Целокупниот развој на мозокот влијае на развојот на сите ментални и когнитивни функции. Бројни научни студии покажаа дека DHA влијае на:
• развојот на мозокот на бебето
• развојот на видот на бебето
DHA омега-3 масните киселини во производот се добиени од природен извор, морски микроалги - еден од најбогатите извори на висококвалитетни DHA масни киселини.
Микроалгите се одгледуваат во строго контролирани услови, така што загадувањето е сведено на минимум. Маслото од микроалги е безбеден извор на DHA кој се користи и кај доенчиња, како што е потврдено од Европската управа за безбедност на храната (EFSA).
Маслото од микроалги во производот Pregnatol DHA е со највисок квалитет. Највисокиот квалитет во Швајцарија е потврден и одобрен со користење на печатот „ Swiss quality “. За разлика од рибиното масло, кое се добива од масни риби од океанот, маслото од микроалги се добива под строго контролирани услови на производство и се карактеризира со висока чистота. Не содржи жива како загадувач, ниту други тешки метали.
Бременоста е време кое е посебно на многу начини. Тоа е време кога се раѓа љубовта меѓу мајката и детето. Време кога мајката заслужува се што е најдобро за неа и за бебето што го носи. Време на грижа, здравје и релаксација. Tvoe време!
Развој на бебешкиот мозок
Како главна структурна компонента на мозокот, DHA ги сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот.
Развој на бебешкиот вид
Како главна структурна компонента на ретината (мрежницата), DHA е важна за развој на видот
Масло од микроалги
Висока чистина, без загадувачи, маслото од микроалги е добиено во строго контролирани услови на производство.
Swiss quality
Маслото од микроалги во производот Pregnatol DHA е со највисок квалитет. Највисок квалитет во Швајцарија се потврдува и одобрува со печатот „Swiss quality“.
Бремена сум
1 капсула дневно.
Го дојам бебето
1 капсула дневно, во текот на периодот на доење
Јас користев Pregnatol active folate+b12 и Pregnatol DHA во првите две тримесечја.
Влегувајќи во третото тромесечје, земав Pregnatol multi и Pregnatol DHA и пред три месеци родив две здрави и среќни девојчиња.
Многу ми беше важно какви препарати користам за време на бременоста. Бев воодушевена кога открив дека Pregnatol DHA содржи омега-3 добиени од контролирано одгледувани морски алги. Го користев во текот на бременоста и го користам и сега додека дојам.
Податоците од опсервационите студии покажаа дека потрошувачката на омега-3 масни киселини за време на бременоста, било во исхраната или преку додатоци, е поврзано со подобрени невроразвојни резултати кај детето.
Понатаму, потрошувачката на масла богати со n-3 за време на бременоста го намалува ризикот од рано предвремено породување. Трудниците и доилките треба да се стремат кон просечен дневен внес од најмалку 200 mg DHA.
Додатоците од рибино масло, кои содржат и EPA и DHA, и маслата само DHA добиени од алги се добри додатоци кои се безбедни за бремени жени, особено во поглед на недостаток на жива.
Резултатите за ментална обработка на децата на возраст од 4 години беа значително корелирани со внесот на DHA и еикозапентаеноична киселина од мајката за време на бременоста. Во моделот на повеќекратна регресија, внесот на DHA од мајката за време на бременоста беше единствената статистички значајна променлива за резултатите од менталната обработка на децата на возраст од 4 години.
Се препорачува примена од почетокот на бременоста. Наменет е за употреба во текот на бременоста и доењето.
Pregnatol DHA содржи DHA омега-3 масни киселини добиени од масло од природни, морски микроалги, со висок квалитет, без никаква контаминација и како такви претставуваат безбеден извор на DHA за употреба кај трудници и доилки. Микроалгите се одгледуваат во строго контролирани услови, така што нечистотиите во маслото се сведени на минимум. Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) потврди дека маслото од микроалги е најбезбедниот извор на DHA за употреба кај бремени жени и доилки.
Се препорачува употреба на 200 mg DHA дневно, од самиот почеток и во текот на целата бременост.
Во првите два месеци од употребата, DHA ќе се акумулира и ќе се депонира во телото, што му овозможува на бебето да користи DHA без пречки.
Се препорачува употреба на 1 капсула дневно, која ја содржи препорачаната дневна количина од 200 mg.
Бројни научни студии покажаа дека DHA омега-3 масната киселина е многу важна за развојот на мозокот и видот на бебето.
Не, меките капсули се направени од говедски желатин.
Изворот на DHA омега-3 масни киселини во Pregnatol DHA е високо прочистено масло од морски микроалги, така што луѓето алергични на рибини протеини можат да го користат препаратот.
Производот не треба да го земаат луѓе кои се преосетливи на некоја од состојките на производот.
Производите базирани на омега-3 масни киселини можат да го намалат крвниот притисок и да ја продолжат коагулацијата, па затоа не се препорачуваат за луѓе на антикоагулантна терапија и не треба да се користат две недели пред планираната операција.
Луѓето кои земаат аспирин, нестероидни антиинфламаторни лекови, како и лицата кои страдаат од хемофилија и дијабетес треба да се консултираат со својот лекар пред да го земат производот.