Contact US

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA 4u red logo

  • Инфо
  • Состав
  • Примена
  • Клинички студии

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! Содржи 21 нутритивна состојка, внимателно одбрани и прилагодени на зголемените потреби во текот на целиот период на бременост и доење. Наменет е за трудници и доилки. 

Новиот Pregnatol Multi + Active Folate + DHA е формулација на унапреден вкус, мирис и состав. Претставува идеален избор за време на бременост и доење, бидејќи ги содржи сите потребни витамини и минерали кои допринесуваат за одржување на здрава бременост и развој на бебето.

Разновидна исхрана, адекватен внес на течности, умерена физичка активност и доволно сон се основа за здрава бременост. Избегнувањето на штетни материи како никотин и алкохол, како и избегнување на стресни ситуации се важни и за трудницата и за плодот. За време на бременоста се зголемува потребата за одредени хранливи материи, а особено е важно да се внимава на адекватен внес на фолна киселина, железо, DHA омега-3 масни киселини и останати витамини и минерали. Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! E подготвен со посебно внимание и грижа, за да обезбеди нутритивна поддршка на идните мајки и доилките.

Фолатот спаѓа во групата на витамини Б и има исклучително важна улога во организмот, особено за време на бременоста. Фолната киселина и фолатот се две форми на ист витамин, но тие се разликуваат по структура, извор и начинот на кој телото ги користи.

Фолатот игра улога во процесот на клеточната делба и придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

За подобро разбирање на важноста на активната форма на фолна киселина, мора да ги разбереме поимите фолна киселина, фолат и 5-метилтетрахидрофолат. Фолатот е сол на фолната киселина кој во таа форма се наоѓа во природни извори, во храна како зелен лиснат зеленчук, овошје, јаткасти плодови и мешунки. Природниот фолат е помалку стабилен од фолната киселина и може да се изгуби за време на готвењето и складирањето на храната. Фолна киселина е синтетичка форма која често се користи во додатоци во исхраната и збогатена храна бидејќи е многу постабилна од фолатите. 

Активната форма на фолна киселина е 5-метилтетрахидрофолат (5-MTHF). И фолната киселина и фолатите мора да поминат низ низа различни трансформации за да станат активна форма на 5-MTHF. Тој е важен бидејќи тоа е биолошка форма што телото може директно да ја користи. 

Поради генетиката, постои голема варијација во тоа колку ефикасно фолната киселина се претвора во биоактивна форма кај различни луѓе. Ова значи дека дури и луѓето кои земаат високи дози на фолна киселина може да имаат недостаток на фолати. Затоа е важно да се внесува фолна киселина во активна форма.

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! Cодржи Quatrefolic®, патентирана активна форма на фолна киселина во форма на 5-MTHF глукозаминска сол, која во таа форма се наоѓа во човечкото тело и може директно да ја искористи нашиот организам.

Синтетичката форма, фолна киселина, помалку се апсорбира и се користи во телото, а некои жени воопшто не можат да ја користат! Се верува дека значителен процент од жените воопшто не ја активираат и користат фолната киселина во организмот, бидејќи го немаат ензимот кој ја активира.

Железото е од суштинско значење за производството на хемоглобин, протеин во црвените крвни зрнца кој носи кислород до ткивата. За време на бременоста, потребата за железо се зголемува бидејќи телото произведува повеќе крв за да го поддржи растот на фетусот.

Витаминот Б12 е од големо значење за време на бременоста бидејќи игра клучна улога во формирањето на црвените крвни зрнца, процесот на делба на клетките и развојот на нервниот систем на фетусот. Во производот Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! постојат две активни форми на витамин Б12 - метилкобаламин и аденозилкобаламин, кои телото може лесно и безбедно да ги користи веднаш. Тие природно се наоѓаат во телото. Тие имаат важна улога во производството на енергија, придонесуваат за нормална функција на нервниот систем и нормален метаболизам на аминокиселината хомоцистеин.

DHA омега – 3 масните киселини во производот се добиваат од природен извор, морски микроалги - еден од најбогатите извори на DHA масни киселини, со висок квалитет.
Микроалгите се одгледуваат во строго контролирани услови, така што загадувањето е сведено на минимум.

Маслото од микроалги е безбеден извор на DHA кој се користи и кај доенчиња, како што е потврдено од Европската агенција за безбедност на храна (EFSA).
Маслото од микроалги во производот се добива под строго контролирани услови на производство и претставува масло со највисок квалитет.

Бременоста е период во кој нормалниот енергетски метаболизам е многу важен. Магнезиум, железо, бакар, јод и витамини Ц, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б7 и Б12 придонесуваат за одржување на нормален енергетски метаболизам.

Холинот е многу важен за време на бременоста поради неговите улоги во различни делови од организмот. Оваа хранлива материја придонесува за формирање на невротрансмитерот ацетилхолин, кој учествува во преносот на информации во мозокот и мозочните патишта. Бремените жени често не внесуваат доволно холин преку исхраната, па затоа е важно да внесете храна богата со холин, како што се јајца, месо, риба, млечни производи и некои јаткасти плодови и семки. Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! обезбедува дополнителен внес на холин во исхраната. 

Велиме дека бременоста е специфична состојба поради многу оправдани причини. Еден од нив е зголемената потреба за витамини и минерали. Биотинот, селенот и цинкот придонесуваат за одржување на нормална коса, а селенот и цинкот за нормалните нокти. Јодот, цинкот и витамините Б2, Б3 и Б7 придонесуваат за одржување на нормална кожа. 

Подобрена формулација

Подобрена формулација

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! E комбинација од таблети и меки желатински капсули, специјално формулирани за да обезбедат максимална искористеност на хранливите материи во организмот.

Фолатот

Фолатот

QUATREFOLIC е 5-MTHF глукозаминска сол на фолна киселина, и тоа е форма која природно се наоѓа во телото. Исклучително е значајна за подготовка и за време на бременоста.

Витамин Б12

Витамин Б12

Две форми на витамин Б12 - метилкобаламин и аденозилкобаламин. Телото ги користи веднаш без ослободување на штетната молекула на цијанид, како што може да биде случај со додатоците кои содржат цијанокобаламин.

Железо

Железо

За време на бременоста, потребата за железо се зголемува бидејќи телото произведува повеќе крв за да го поддржи растот на фетусот. 

Холинот

Холинот

Холинот е хранлива состојка од исклучително значење за време на бременоста.

DHA маслото од микроалги

DHA маслото од микроалги

Маслото од микроалги со висока чистота се добива под строго контролирани услови на производство.


  (ikonica magnezijum) 

Магнезиумот е од големо значење за намалување на замор и исцрпеност, како и за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем. 

Магнезиумот

Магнезиумот

Магнезиумот е од големо значење за намалување на замор и исцрпеност, како и за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем. 

Јас сум бремена!

Јас сум бремена!

1 капсула и 1 таблета дневно, најдобро за време на оброк. 

Во случај на утринска мачнина се препорачува да се користи за време на ручек или вечера.

Дојам бебе!

Дојам бебе!

1 капсула и 1 таблета дневно, најдобро за време на оброк. 

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! - Klinicke studije

Внесувањето на фолати за време на бременоста е од суштинско значење за адекватен развој на фетусот и плацентата и за долгорочното здравје на поединецот. Неговиот недостаток може да предизвика фетални патологии, вклучително и болест на невралната туба. 

Вистинската стратегија усвоена од европските земји (вклучувајќи ја Италија) сугерира дека жените земаат 0,4 mg фолна киселина пред зачнувањето.

Улогата на магнезиумот во биологијата е фундаментална во над 600 ензимски реакции вклучени во синтезата на протеини, митохондријалната функција, невромускулната активност, формирањето на коските и компетентноста на имунолошкиот систем.

Недостатокот на витамин Б12 во бременоста е распространет и е поврзан и со мала породилна тежина (породилна тежина <2500 g) и со предвремено раѓање (гестациска должина <37 недели).

Податоците од опсервационите студии покажаа дека потрошувачката на омега-3 масни киселини за време на бременоста, било во исхраната или преку додатоци, е поврзано со подобрени невроразвојни резултати кај детето.

Понатаму, потрошувачката на масла богати со n-3 за време на бременоста го намалува ризикот од рано предвремено породување. Бремените жени и доилките треба да се стремат кон просечен дневен внес од најмалку 200 mg DHA. 

Додатоците од рибино масло, кои содржат и EPA и DHA, и маслата само DHA добиени од алги се добри додатоци кои се безбедни за бремени жени, особено во поглед на недостаток на жива.

Резултатите за ментална обработка на децата на возраст од 4 години беа значително корелирани со внесот на DHA и еикозапентаеноична киселина од мајката за време на бременоста. Во моделот на повеќекратна регресија, внесот на DHA од мајката за време на бременоста беше единствената статистички значајна променлива за резултатите од менталната обработка на децата на возраст од 4 години. 

Pregnatol Multi + Active Folate + DHA for you! - Klinicke studije